Дончиќ дојде на интервју со четири луксузни автомобили: За малку ќе купи петти вреден 3.000.000 долари! (фото/видео)
Словенечкиот репрезентативец и кошаркар на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, е голем љубител на луксузни автомобили и неговата колекција е навистина импресивна.
Со одличните игри на кошаркарските терени си заработи астрономска заработка, а добар дел инвестира во својот скап возен парк.
Лука моментално има 13 импресивни „ѕверови“ во својата гаража.
Во интересното интервју кое го даде за американскиот портал „Esquire“, Лука зборуваше за својата втора голема љубов – автомобилите.
Интересно, тој пристигна на интервјуто со четири импресивни возила од неговата колекција – „Lamborghini Urus“, „Ferrari 812 Superfast“, „Chevrolet Camaro“ од 1968 година и неговиот омилен Apocalypse Hellfire 6×6.
„Моето прво луксузно возило беше Порше Панамера. Сега имам 13 автомобили. Имам и Порше 911 во Словенија“, откри Дончиќ.
Новинарот истакна дека сите негови автомобили поминале многу километри.
,,Сакам да возам во слободно време. Одам секаде со автомобил. Понекогаш возам наоколу доцна навечер. Во лето сакам да возам некаде во близина на вода”, вели Лука.
Покрај милениците на Лука, на снимањето се најде и автомобилот Koenigsegg Regera вреден три милиони долари. На Лука му се допадна и сакаше да го купи, но набрзо сфатил дека му е премал, па се откажал од таа идеја.