Дончиќ на тајм-аутот против Италија им пцуеше на соиграчите: „Не треба да се пцуеме едни со други“

Словенечката кошаркарска репрезентација, откако во осминафиналето ја елиминираше најдобрата одбрана на натпреварувањето – селекцијата на Италија, ќе се обиде да ја победи и Германија и со тоа да се пласира во полуфиналето на Евробаскетот.

Најголемата ѕвезда на словенечката репрезентација, Лука Дончиќ, е во одлична форма, а неговите соиграчи се надеваат дека ќе можат да го изненадат својот омилен противник во четвртфиналето.

За да се постигне целта, на Словенија ќе ѝ биде потребен Дончиќ во најдобра форма, кој покрај перформансите, води и со авторитет.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс беше снимен како ја презема улогата на тренер, смирувајќи ги и охрабрувајќи ги своите соиграчи за време на натпреварот против Италија во кој постигна 42 поени.

„Водиме со седум поени разлика, смири се. Нервозни сте без причина. Концентрирајте се, не треба да се бориме едни против други. Играме против нив, а не еден против друг. Ајде“, рече Дончиќ со неколку пцовки, а како звучеше и изгледаше тоа можете да видите на 
овој линк .