Кошаркарите на Словенија вчера во последното коло од Евробаскетот го победија Израел со резултат 106:96 и како третопласирана екипа од групата Д влегоа во осминафиналето, а сцената пред почетокот на натпреварот во која главен актер беше Лука Дончиќ ја подели светската спортска јавност.
Дончиќ беше на списокот на кошаркари регистрирани за натпреварот, но само 11 Словенци стоеја на теренот кога се интонираа националните химни.
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс се појави на паркетот дури откако беа интонирани двете национални химни и откако неговите соиграчи се збогуваа со Израелците.
Дончиќ истрча од соблекувалната до последното двоминутно загревање пред натпреварот, а корисниците на социјалните мрежи од Израел го обвинија Дончиќ за антисемитизам, односно дека намерно не сакал да ја слуша израелската химна и да се збогува со израелските кошаркари.
Дончиќ ја предводеше својата репрезентација до победа и третото место во групата со 37 поени, 11 скока и 9 асистенции, а по натпреварот словенечките медиуми го прашаа зошто ги пропуштил химните и, практично кажано, речиси доцнел на почетокот на натпреварот.
„Морав да направам нешто во бањата. Ако ве интересираат деталите, тогаш навистина не знам… Немаше да ја пропуштам химната, но беше навистина итно. Едвај чекав до полувреме“, рече Дончиќ.
За потсетување, Словенија ќе игра против Италија во осминафиналето. Тој натпревар ќе се игра во сабота, со почеток во 11 часот.