Доцнењето на вадењето пасоши и лични документи со новото државно име предизвика откажување на патувањата во многу туристички агенции во земјава. Сето ова резултираше со огромни финансиски загуби за агенциите. Очекуваат дека загубите ќе бидат уште поголеми бидејќи ретки се граѓаните кои резервираат патувања поради немање пасоши со новото име на државата.
„Сега сите се плашат како ќе биде и поради тоа многу од резервациите останаа празни во споредба со минатата година. „Најсвеж пример се резервациите за 8 март, кои треба да бидат две недели. Веќе имавме резервации за осмомартовски патувања, не во Грција, туку во Србија, која е земја за која очекуваме дека нема толку проблеми, но се случи причината да не се дозволи влез со старите лични карти, но тие бараат ново име“, изјави тој.Ѓорѓи Вечков – сопственик на туристичка агенција.
Доцнењето на навременото добивање на пасошите се одрази и на намалувањето на бројот на лица кои бараат сезонска работа во странство преку агенциите за посредување кои нудат работа во странство.
„Во овој период кога се разменуваа пасоши и документи настана нерамнотежа во смисла дека имаме многу работници кои ги откажуваат работните места бидејќи немаат валидни документи со кои може да патуваат, поради тоа се чувствува и таков бран, кој не е посакувана за агенциите кои работат во посредување на работнички во странство, но иако е во мал процент, сепак е присутна“, изјави Донка Мијак – сопственичка на агенција за сезонска работа.
Според Агенцијата за посредување при вработување во странство, најпреферирани земји за сезонска работа од граѓаните се Словенија и Хрватска.