Дошол на фризура, си заминал со дијагноза рак: фризерот му рекол да оди на лекар, со што му го спасил животот
Кога седумнаесетгодишниот Овен Норгроув седнал на фризерската столица, не можел ни да замисли дека едноставното потстрижување ќе стане момент што ќе му го промени животот. Неговиот фризер Фират Давутоглу забележал мала грутка на десната страна од вратот на Овен и го советувал што поскоро да ја прегледа лекар.
Овен го послушал советот, закажал преглед и, само една недела подоцна, добил шокантна дијагноза: Хоџкинов лимфом, ретка форма на рак на лимфниот систем.

Шок за семејството, но и брза реакција што промени сè
Неговата мајка Хејли (45) се сеќава:
„Кога се врати од фризерскиот салон, рече дека Фират го советувал да оди на лекар. Веднаш закажавме преглед и фала му на Бога што го направивме тоа. До јануари, грутката веќе видливо се зголеми.“
По серија тестови, Овен започнал со агресивна хемотерапија, а лекарите нагласиле дека раното откривање е клучно за успешен исход.
Во мај, тој го прими последниот третман, а веќе во јуни минатата година беше прогласен за ремисионен , без знаци на болест. Денес е повторно активен, се занимава со рагби и земјоделство , и се надева дека ќе добие официјален лекарски сертификат „сè е во ред“ следниот јуни.
Враќање во салонот и емотивна средба
Кога Овен се вратил во салонот по сè, Фират не го препознал веднаш – изгледал сосема поинаку без косата по хемотерапијата.
„Неговиот татко ми кажа што се случило и искрено плачев. Само си ја вршев работата и случајно го забележав отокот. Сега е здрав и се надевам дека ќе живее долг и среќен живот“, рече Фират.
Овен е благодарен што фризерот му посветил внимание:
„Можеше да молчи, но не го стори тоа. Неговата загриженост можеби ми го спаси животот.“
Важноста на вниманието и раното откривање
Експертите нè потсетуваат дека Хоџкиновиот лимфом често започнува со безболно отекување на лимфните јазли на вратот, под пазувите или во препоните, па затоа раниот одговор е клучен. Приказната на Овен покажува како навидум безопасни моменти – како одењето на фризер – можат да спасат живот.