Убавата Стефани Гизинџер се појави на црвениот тепих без долна облека и храбро им го покажа задникот на сите кои беа на настанот.
Германската актерка, модел и реалити ѕвезда Стефани Гизингер , која е една од најпознатите манекенки во Германија и победничка на германскиот натпревар Next Top Model, ги изненади сите кога на доделувањето на наградата Glamour Women of the Year се појави без долна облека.
Таа на црвениот тепих пристигна во јакна и кошула, само со хулахопки. Јакната со струк е до половина задник, па секој може да се восхитува на нејзината позадина и долгите, витки нозе.
Под јакната Леви Штраус носеше бела кошула, а комбинацијата ја зачини со црна вратоврска, чанта и атрактивни црни чевли со отворена потпетица.
Таа храбро ја претстави оваа комбинација која ретко која жена би се осмелила да ја облече на некој јавен настан, но… се чини дека на познатите ѕвезди им е дозволено се, па дури и такви модни „спектакли“, кога наместо облека носат само – чорапи.