Србија е земја позната по необични ситуации кои се случуваат на свадби и погреби.
Во моменти кога луѓето страдаат и ги оплакуваат своите најблиски, се случува некоја случка која целото внимание го пренасочува кон себе.
Така, на профил на Твитер после погреб се појави фотографија, која, најблаго речено, го шокираше авторот.
Имено, мажот одлучил за погребот да облече маица со натпис „Фокусирсј се на животот“.
– Луѓе! Маж дојде на погреб облечен во оваа маица – напишал авторот на фотографијата.
Оваа сцена предизвика различни реакции, но еден од корисниците целосно се истакна поради неговиот коментар.
– Мој човек. Би сакал да имам диџеј на мојот погреб. Штом попот си го направи своето, тој нека засвири. Ако воопшто има поп. Се надевам дека некој ќе може да им даде супстанца на среќа на гостите за да ја направи атмосферата уште подобра – напиша тој.