До крајот на денов сончево и ветровито, во вторник температурата ќе опадне

 До крајот на денов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови повремено облачноста ќе се зголемува, ќе дува слаб до умерен. Долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, информираат од УХМР.

Во текот на следната работната седмица ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Само во вторник ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд и со умерен северен ветер, а дневната температура малку ќе опадне.

Во периодот што следи, минималната температура ќе биде минус 4, а максималната 18 степени.