До 15 септември, сите службени возила мора да имаат регистарски таблички во боја

Сите државни институции и јавно правни лица се должни да ги заменат службените регистарски таблички на возилата со нови, посебни, обоени регистарски таблички најдоцна до 15 септември 2025 година.

Владата вели дека денешната одлука ја зголемува транспарентноста.

„Владата, на својата 97-ма седница одржана денес, одлучи сите државни институции да ги променат регистарските таблички на службените возила со нови регистарски таблички во боја, најдоцна до 15 септември 2025 година. Оваа одлука е уште едно исполнето ветување кон граѓаните, со цел зголемување на отчетноста, транспарентноста и ставање крај на злоупотребите што се практикуваа во минатото“, соопшти Владата.