Драгана Мирковиќ поради ОВАА БОЛЕСТ ќе зема лекови до крај на ЖИВОТОТ – Некои од симптомите се ЗАБРЗАНА РАБОТА НА СРЦЕТО И ЗГОЛЕМЕН АПЕТИТ
Драгана Мирковиќ со години има проблеми со тироидната жлезда.
Драгана Мирковиќ откри дека ќе мора да зема лекови до крајот на животот поради тешката здравствена состојба предизвикана од големиот стрес.
Иако поради среќниот брак со Тони Бјелиќ и многу успешната кариера, важи за многу среќна жена, статусот на фолк ѕвезда и донел голем стрес кој тироидната жлезда не може да го поднесе.
– Проблемот со тироидната жлезда настана бидејќи многу работи премолчев. Навистина знае да биде болно кога има грутка во грлото и кога сакаш да зборуваш, но не си дозволуваш да кажеш или да одговориш . И ти знаеш се, и се ти е јасно, и сите знаат се и сите молчиме – рече таа.
Кога дознала за дијагнозата, Драгана Мирковиќ го променила начинот на исхрана, а покрај медицинската терапија зема и одредени суплементи, за да ја држи болеста под контрола .
Симптоми на тироидната жлезда:
1. Тага и депресија – од клиниката Меико велат дека тироидната жлезда има најголемо влијание врз нашето расположение. Ако жлездата работи премногу бавно, ќе се чувствувате депресивно и апатично, а ако работи пребрзо, ќе страдате од немир и раздразливо однесување.
2. Запек – Хормоналната нерамнотежа предизвикана од неправилно функционирање на тироидната жлезда доведува до бавно варење.
3. Премногу спиете – ако постојано сте поспани и не можете да станете од кревет, веројатно имате проблем со тироидната жлезда.
4. Губење на косата и сува кожа – хормоните се повторно одговорни за овие симптоми
5. Нагло зголемување на телесната тежина
6. Недостаток на сексуална желба
7. Мускулна болка
8. Брзо отчукување на срцето – што сигнализира дека тироидната жлезда е преактивна.
9. Нејасни и замаглени мисли
10. Висок крвен притисок
11. Зголемен апетит
12. Болка во вратот или под ушите – како кога ве боли грлото или ве боли грло.