Драгана Мирковиќ прозборе за Карлеуша: Многу сум горда на неа, Ким Кардашијан ја копира! Веднаш следеше одговор на Карли (фото)
Јелена Карлеуша во неколку наврати истакна дека нема многу пријатели од медиумската сцена, но кога ќе ја почувствува размената на енергија и ќе се поврзе со колега, тоа го цени и враќа двојно повеќе.
Секогаш кога и’ било најтешко, покрај неа била нејзината колешка Драгана Мирковиќ и ја поддржувала за да излезе од сè уште посилна, па не штедат убави зборови една кон друга. Најголемата балканска ѕвезда Драгана Мирковиќ ја пофали ЈК по прошетката на пистата на модната недела во Париз.
– О Боже мој, бев толку горда. Ова не му се случило на никој од нашите простори. Иако знаете дека ја споменуваа и американските медиуми и дека Кардашијан ја копираат. Таа е неверојатна личност, многу ја почитувам начинот на кој се претставува, едноставно е единствена… – изјавила Гага за радио Екстра фм, а набргу потоа се огласи и Карлеуша.
Да потсетиме, ЈК чекореше на пистата како модел, рамо до рамо со најпознатите светски супермодели и холивудски ѕвезди, додека најголемите ѕвезди на денешниот шоубизнис ја следеа од првите редови.