Драган Кнежевиќ, член на кавачкиот клан, е уапсен во Франција

Во Франција денеска е уапсен Драган Кнежевиќ (42), кој се барал по меѓународна потерница распишана од НЦБ Интерпол Подгорица, пренесува Вијести .

Како што соопштија од Полициската управа, тој во оперативната евиденција е евидентиран како висок член на организирана криминална група од Црна Гора.

Кнежевиќ наводно е член на кавачкиот клан.

„Имено, по Д.К. се бара со цел да се обезбеди присуство во кривичната постапка против него пред Вишиот суд во Подгорица, а врз основа на шест различни наредби на тој суд за кривичните дела – создавање на злосторничка организација, кривичните дела тешки убиство и кривичното дело неовластено производство, држење и пуштање во промет наркотични дроги“, се вели во полициското соопштение.

Појаснето е дека на апсењето на Д.К му претходела соработка на надлежните служби на Секторот за борба против криминалот на Полициската управа на Црна Гора и француската полиција.

,,По ова ќе следи соработка на надлежните правосудни органи на Црна Гора и Франција со цел екстрадиција на споменатото лице“, се наведува во соопштението.