ДРАКОНСКИ МЕРКИ – Александар Вучиќ бара воведување на смртна казна – ова се сите предложени мерки од претседателот на Србија по страшните злосторства

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово од Претседателството на Србија заедно со членовите на Владата на Србија се обрати во врска со страшните злосторства што ја потресуваат Србија во последните три дена.

Во таа прилика претседателот на соседна Србија истакна дека побарал да се врати смртната казна, но премиерката и Владата го одбиле неговиот предлог, велејќи дека заедно со Белорусија ќе бидат единствената таква земја во Европа.

Покрај смртната казна, претседателот на Србија меѓу другото ги побарак и овие нови мерки:

  • 1.200 нови полицајци да бидат распоредени во училиштата;
  • поголема безбедност во училиштата;
  • одземање на оружјето;
  • огромни казни;
  • драконски мерки.

Претседателот на Србија најави дека овие несреќи што се случија се најголеми за оваа земја, иако територијално или бројчано не се голема држава и дека ќе мора да спроведат мерки кои ќе дадат резултат.

Александар Вучиќ мѕ нареди на Министерството за внатрешни работи на Србија сите лица кои поседуваат нелегално оружје да го предадат во текот на следниот месец или ќе следуваат брутални санкции.