ФОТО | “МИ СЕ СМРЗНА КРВТА ВО ВЕНИТЕ!“ – Потресно сведоштво на човек од Дубона за масакарот: “Гледав како ги убива, го слушав гласот на тие кутри деца…“

Вакво сценарио го нема ниту во најстрашните филмови – раскажуваат жителите на селото Дубона за хрватскиот весник Jutarnji List, каде во текот на ноќта од четвртокот кон петокот се случи нов крвав масакр во Србија.

Полудениот 21-годишен Урош Б. ладнокрвно уби осум млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, а рани уште 14, само два дена откако Коста К. (13 г.) уби осум деца и чувар во основно училиште во Белград.

Драган Павловиќ

Навистина изгледа како да сме проколнати, пред десет години во блиското село Љубиша беа убиени шест мажи, шест жени и едно мало дете, а сега ова“, рекол Драган Павловиќ, чија куќа е на само 50 метри од двете клупи каде што се случил масакарот.

За нив немало спас, биле убиени веднаш на лице место, а на пат кон болницата починал и лицето Д.Т. Останатите четворица пријатели се ранети и се борат за живот.

На улица во селото се уште се гледаат траги од крв, многу крвави марамчиња до клупата. Сцена од која му се гади на секој жив човек, пишува хрватскиот весник.

Излегов од куќата штом ги слушнав истрелите, но помислив дека некое дете пука со петарди. Крвта ми замрзна во вените кога видов што се случува. Сè се случи буквално за неколку секунди. Го видов Урош како излегува од автомобилот и како пука. Го слушам плачот на тие кутри деца… Не можам да ви опишам како изгледаше таа сцена. Гледаш како ги убива, но ништо не можеш да направиш…“, раскажал видно вознемирениот соговорник за весникот.

Знаете за што најмногу жалам ? Зошто не почнав да викам да му го свртам вниманието за да почне да пука во мене. Посакувам да ме погоди, да беше спасено само едно од тие деца“, кажал тој со трепелив глас.

Младеновац, Србија