ДРАМАТА ВО ШПАНИЈА ПРОДОЛЖУВА – Неверојатно, но на Реал Мадрид и Барселона сериозно им се заканува исфрлање од Европа поради срамниот бакнеж !?

Драмата продолжува со Луис Рубиалес и фудбалерката Џени Хермосо, која ја бакна во уста на прославата на светската титула.

Последните информации од Шпанија укажуваат дека УЕФА би можела да ги исфрли сите шпански клубови од европските натпреварувања, колку и да звучи неверојатно во моментов, пренесува SportBible.

Всушност, Луис Рубиалес одби да поднесе оставка како претседател на Кралската шпанска фудбалска асоцијација по споменатиот бакнеж и победата во финалето над Англија во Сиднеј минатата недела.

слика

И иако Џени Хермосо во петокот кажа дека не се согласува на бакнежот што доведе до суспензија од ФИФА на 46-годишниот Луис Рубиалес, шпанската фудбалска федерација ја доведе во прашање нејзината верзија за настаните и неочекувано објави дека ќе преземе правни мерки поради коментарите на шпанскиот репрезентативец, што ја шокираше целата јавност.

Федерацијата додаде дека доколку бидат избрани, фудбалерките имаат „обврска“ да играат за националниот тим, откако 81 изјави дека нема да ја претставуваат Шпанија додека Луис Рубиалес не биде суспендиран.

Во приказната која веќе имаше безброј скандалозни пресврти, во светските медиуми на големо се пишува дека мајката на Луис РубиалесАнхелес Бејар, сега се затворила во црква и штрајкувала со глад поради нехуманиот и крвавиот лов на нејзиниот син.

Анхелес Бејар, наводно, изјавила дека ќе остане во црквата „Дивина Пастора“ неодредено, дење и ноќе додека не се реши ситуацијата, додавајќи дека „ловот“ против нејзиниот син е нешто што тој не го заслужува.

И бидејќи шпанската Влада веќе презела чекори за суспендирање на Луис Рубиалес, шпанската федерација наводно реагирала поради инает барајќи од УЕФА да размисли за нивно исфрлање од сите европски натпреварувања.

Доколку барањето биде одобрено, тоа би значело дека сите шпански клубови, вклучително и европските гиганти Реал Мадрид и Барселона, ќе бидат исклучени.

Овие натпреварувања ја вклучуваат Лигата на шампионите (која исто така ќе влијае на Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад), Лигата на Европа (Виљареал и Реал Бетис) и Конференциската лига (Осасуна).

слика
Луис Рубиалес

Поддржувачите на Луис Рубиалес во шпанската федерација сакаат да ја нападнат Владата на нивната земја поради тоа што побарала негова оставка. Навистина, шпанската федерација потврди дека се залага за исклучување на УЕФА врз основа на тоа дека „ќе управуваат со своите работи независно и без непотребно влијание од трети страни“.

Правилата на УЕФА исто така пишуваа: „Секое тело или одлука на тело што не е избрано или именувано во согласност со наведената процедура, дури и привремено, нема да биде признаено од УЕФА“.