ДРАМАТИЧЕН ИЗВЕШТАЈ – Хималајските глечери се топат со невидена брзина: Загрозени се 240 милиони жители!

Глечерите во планинскиот венец на Хималаите се топат со невидена брзина, што може да предизвика опасни поплави и недостиг на вода за околу 240 милиони луѓе кои живеат во планинскиот регион, покажа новиот извештај објавен во вторникот.

Глечерите во тој регион би можеле да изгубат од 75 до 80 отсто од својот волумен до 2100 година поради глобалното затоплување, се вели во извештајот.

Околу 2010 година, глечерите се топеа 65 отсто побрзо отколку во деценијата пред тоа, според податоците Меѓународниот центар за интегриран планински развој (ICIMOD) со седиште во Катманду.

Ги губиме глечерите, ги губиме во рок од 100 години“, изјавил Филипус Вестер, научник и член на ICIMOD, главен автор на студијата.

Со глобалното затоплување, мразот ќе се стопи, тоа е предвидливо. Но, она што е неочекувано и загрижувачко е брзината. Се одвива многу побрзо отколку што очекувавме“, додал Филипус Вестер.

Со затоплување од 1,5 степени Целзиусови, или 2 степени над прединдустриските температури, глечерите низ целиот регион на Хималаите ќе изгубат од 30 до 50 отсто од својот волумен до 2100 година, се вели во извештајот.

Но, со затоплување од 3 степени Целзиусови – што ќе се случи со сегашната климатска политика – глечерите ќе изгубат 75 проценти од мразот, а на 4 степени тоа се искачува до 80 проценти.

Ова ја покажува потребата од итна климатска акција“, нагласил Филипус Вестер.

Извештајот покажува дека протокот на вода во 12-те речни сливови во регионот, вклучувајќи ги Ганг, Инд и Меконг, најверојатно ќе го достигне својот врв до средината на векот, со последици за повеќе од 1,6 милијарди луѓе кои зависат од тоа снабдување.

Иако може да звучи дека ќе имаме повеќе вода бидејќи глечерите се топат со зголемена брзина… премногу често ќе има поплави наместо постојан проток“, објасни Филипус Вестер