Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, изрази загриженост за нападот врз владеењето на правото и заканите врз граѓанските права под водство на претседателот Доналд Трамп, истакнувајќи дека ова се мрачни денови, пишува американскиот портал Политико, пренесува Танјуг.
Зборувајќи пред Националната адвокатска комора во Чикаго во четврток, Бајден не го спомена Трамп по име, но беше јасно дека тој бил цел на неговите забелешки, кои траеле околу 20 минути, според американскиот портал.
– Не можете да го разубавите. Ова се мрачни денови – рече Џо Бајден пред речиси 1.100 членови на претежно афроамериканската правна организација.
Изјавите одразуваа, барем во тонот, некои од неговите претходни коментари за Трамп, прикажувајќи го како закана за демократијата и владеењето на правото, вели порталот.
– Според мене, се наоѓаме во таков момент од американската историја, што се одразува во секој суров извршен акт, секое поништување на основните слободи, секое пропаѓање на долгогодишните, воспоставени преседани – рече тој.
“These are dark days,” former President Biden said during a speech at the National Bar Association’s annual gala in Chicago, warning that American democracy is under threat. He accused President Trump of trying to dismantle the Constitution and urged Americans to be “unapologetic… pic.twitter.com/oqSD5MTsAE
— CBS News (@CBSNews) August 1, 2025
Бајден, исто така, ја критикуваше администрацијата за обидот да ја „избрише вистината“ и го обвини Конгресот за „набљудување од страна“ и неуспех во ограничувањето на моќта на извршната власт.
– Мои пријатели, мора да се соочиме со суровата вистина за оваа администрација, а тоа е дека нејзината цел е да поништи сè што постигнавме за време на мојата администрација – рече Бајден.
Според него, тоа ја брише историјата наместо да ја создава, ја брише праведноста, еднаквоста, самата правда, и тоа не е претерување, тоа е факт.
Нарекувајќи ја администрацијата на Трамп „сурова“, Бајден посочи на „имигрантите кои се легално во земјата и се одведуваат со лисици“.
Тој, исто така, ги критикуваше нападите на администрацијата врз адвокатските канцеларии и медиумите.
„Помеѓу спиењето на плажа и предавањето на претседателската функција со автопен (автоматизиран потпис), Џо Бајден помина денови гледајќи ги неговите помошници како го уништуваат нашиот Устав со автопен преку правни битки, напаѓајќи ја јужната граница и продавајќи ја нашата земја на остатокот од светот. Тој е последната личност што треба да зборува за тоа како се води оваа земја, со оглед на тоа што ја уништи“, рече портпаролот на Белата куќа, Харисон Филдс, како одговор на обраќањето на Бајден, објави Политико.