Драматична снимка од пожарот од Лос Анџелес: Евакуирани 100.000 луѓе, пристигнуваат информации за загинатите

Пожар од големи размери го зафати Лос Анџелес, а според новите информации две лица загинале, а голем број луѓе се повредени со значителни повреди.

Според новинарот на Би-Би-Си кој живее таму 30 години, сцени како оваа не биле видени за сето тоа време.

Илјадници семејства се наоѓаат во центрите за евакуација, додека истовремено се спроведуваат опасните операции за спасување животи.

За жал, временската прогноза не е во прилог бидејќи до петок ќе трае силен ветер.

Би-би-си наведува и дека граѓаните се повикуваат да штедат вода што е можно повеќе за да им помогнат на итните служби во борбата против пожарите.

Пред пожарот, Националната метеоролошка служба го издаде своето највисоко предупредување за екстремни услови на пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток.

Повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани од своите домови. Тоа е област во која живеат многу филмски и музички ѕвезди.