Драматични сцени во Санторини! Вака исчезна една од најпознатите плажи за неколку секунди! Одроните го опустошија островот, земјата постојано се тресе (ВИДЕО)
Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканез трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој се наоѓа во Егејското Море.
Најсилниот од 6.400 земјотреси кои го погодија овој регион од 26 јануари се случи синоќа и беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Бројните земјотреси предизвикаа бројни одрони, а еден од поголемите речиси целосно ја уништи познатата Црвена плажа, која е симбол на Санторини, објави грчкиот портал Protothema.gr.
На социјалните мрежи се појавија снимки од плажата покриена со карпи кои излегле на брегот од блискиот рид. Недалеку од оваа плажа се наоѓа познат археолошки локалитет.
Локалните власти поставија ленти и известувања во кои пишува дека плажата е затворена, но и покрај тоа, некои од ретките туристи кои сè уште се на островот доаѓаат и прават селфи.
Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 туристи и локални жители го напуштиле Санторини од саботата, кога земјотресите наеднаш зачестија.