ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД падот на РУСКИ АВИОН КАЈ СЕВАСТОПОЛ: Авионот падна директно во морето, пилотот спасен на 200 метри од брегот (ВИДЕО)

Рускиот борбен авион Су-27 денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, а веста ја потврди и регионалниот гувернер Михаил Развозаев.

-Пилотот безбедно се катапултирал, а спасувачите на севастополската спасувачка служба го подигнале на оддалеченост од двесте метри од брегот. Цивилните згради не се оштетени – објави Развозајев на својот официјален канал.

Се уште нема потврда како и зошто дошло до овој инцидент.

Медиумите првично објавија дека авионот Су-35 се урнал, но се потврди дека се работи за моделот Су-27.

Како што може да се види на снимката од несреќата, авионот се вртел во пламен на небото, додека не паднал директно во Црното Море.