ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ: Се насука брод полн со туристи, високите бранови направија хаос
Туристички брод со 38 патници се насука вчера на карпата Вела Сика кај Лопар, на островот Раб во Хрватска .
„Бродот превезуваше американски и белгиски туристи. Добивме дојава дека бродот се насука во 9 часот и 36 минути, Капетанијата на пристаниште не контактираше бидејќи имаме противпожарен брод. Имаше силно невреме и условите за приближување до бродот беа речиси невозможно “, велат спасувачите.
Тие сепак испловиле во 10:36, но поради големите бранови спасувањето било исклучително тешко.
„ Бродот беше заглавен на карпа , беше прилично плитко и моравме да внимаваме да не се насукаме“, рече Станислав Франелиќ, командант на спасувачите од Лопар.
„Во 13:00 часот сите 38 патници ги однесовме во Лопар и ги сместивме во Противпожарната станица Лопар. Таму им организиравме освежување и хотелско сместување“, додаде тој.