ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ПОЗНАТИОТ СЛОВЕНСКИ МЕТЕОРОЛОГ: На Балканот пристигнува нова СУПЕРКЕЛИЈА, доаѓаат нови торнада, следуваат 72 часа пекол
Познатиот словенечки метеоролог Марко Корошец објави едно од најсериозните предупредувања за невремето што не очекува во следните три дена.
Корошец, автор на серија написи на метеоролошкиот портал heavy-weather.eu, наведува дека последните две недели покажале извонредна временска шема во Централна Европа. Бројни временски непогоди придружени со силен ветер, со торнада и град со големи димензии го опустошија алпскиот регион, северна Италија, Словенија, Хрватска, делови од Србија…
Од понеделник до среда се предвидуваат сериозни временски непогоди, вклучително и голем град, бидејќи уште еден силен и длабок фронтален бран навлегува во прегреаната земја, вели Корошец.
Предупредувањето важи и за Централниот Балкан.
-Од понеделник до среда во Централна Европа со алпски предели, Италија, северниот и централниот дел на Балканскиот Полуостров се очекува неколкудневно тешко време. Се очекуваат силни грмотевици, вклучително и суперкелии со многу голем до голем град, торнада, поројни поплави и штетен ветер – предупредува Severe Weather.
Порталот особено апелира внимателно да се следат областите долж јадранскиот брег каде многумина се на одмор и кампување.
„Екстремно силните ветрови можат да предизвикаат повреди и големи штети на дрвјата во парковите слични на она што го видовме минатата недела“, вели Корошец и уште еднаш повторува дека има сериозна прогноза за Централна Европа и Балканскиот Полуостров со екстремни услови за град со огромна големина, разорни ветрови и торнада во понеделник и вторник.
Прилично брз пораст на температурите се предвидува за недела и понеделник, меѓутоа тој топлотен бран ќе биде краткотраен, но температурите повторно ќе бидат далеку над 30 степени низ северна Италија и на Балканот. Просечните температури повторно ќе се движат околу 10-12 °C над нормалата, додека прогнозираните дневни температури ќе останат во екстремни вредности.
Следните два дена ќе донесат екстремно високи температури во јужна Италија и јужниот дел на Балканот. Максимални дневни температури од 40 до 46 °C се предвидуваат во Србија, Албанија, Македонија, Романија, Бугарија и Грција.