ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Пристигнаа алармантни податоци за нуклеарното оружје во светот: “Влегуваме во еден од најопасните периоди во човечката историја!“

Нуклеарниот арсенал ќе се зголеми на глобално ниво во 2022 година, објави во понеделникот Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ) во Стокхолм, предупредувајќи дека светот влегува во опасна фаза.

СИПРИ посочува дека тоа е последица на одлуката на земјите да ги прошират и модернизираат воените сили.

Проценетиот број на боеви глави во воените залихи се зголемил за 86, односно на 9.576, се наведува во соопштението во кое се додава дека тоа станало тренд.

Влегуваме во еден од најопасните периоди во човечката историја“, тврди директорот на СИПРИДен Смит.

САД и Русија заедно поседуваат речиси 90 отсто од нуклеарното оружје“, истакнува СИПРИ.

Во посебен извештај, Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) со седиште во Женева наведува дека во 2022 година, деветте нуклеарни сили потрошиле вкупно 82,9 милијарди американски долари за модернизирање и проширување на нивните арсенали.

Само САД потрошиле 43,7 милијарди долари, повеќе од сите други земји заедно. Кина минатата година инвестирала 11,7 милијарди долари во нуклеарен арсенал, а Русија 9,6 милијарди долари, се наведува во извештајот.

Неколку држави распоредија нови системи за оружје со нуклеарно оружје или оние кои можат да носат нуклеарно оружје во текот на 2022 година“, објави СИПРИ.

Што се однесува до Кина, СИПРИ наведува дека големината на нуклеарниот арсенал на земјата е зголемена од 350 боеви глави во јануари 2022 година на 410 во јануари 2023 година и се очекува да продолжи да расте, пренесуваат светските медиуми.

Во зависност од тоа како ќе избере да ги структурира своите сили, Кина потенцијално би можела да има барем толку интерконтинентални балистички ракети како САД или Русија до крајот на деценијата“, се вели во извештајот на СИПРИ.

Институтот вели дека дипломатијата за контрола на нуклеарното вооружување и разоружување претрпе големи неуспеси по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Вашингтон го прекина својот билатерален дијалог за стратешка стабилност со Русија, а Москва во февруари објави дека го суспендира своето учество во нуклеарниот договор „Новиот СТАРТ“.

Олеснувањето на инспекциите на локациите за оружје и обезбедувањето информации за распоредувањето на интерконтинентални и подморнички балистички ракети и нивните пробни лансирања се клучните компоненти на „Новиот СТАРТ“, кој тогашниот американски и руски претседател Барак Обама и Дмитриј Медведев го потпишаа во 2010 година.

Сепак, според проценката на СИПРИ, распоредените стратешки нуклеарни сили на двете земји останаа во границите на „Новиот СТАРТ“ од јануари 2023 година.

Држави кои поседуваат нуклеарно оружје се САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Северна Кореја и Израел.