ДРАМА ВО АВСТРИЈА – Голема паника во Виена: Ученик преку Инстаграм се заканувал дека ќе убие ученици и професори од неговото училиште

Ученик од Виена преку социјалната мрежа Инстаграм се заканил дека ќе убие неколку ученици и наставници во училиште во виенскиот округ 5, пишуваат австриските медиуми. 

Тамошните медиуми наведуваат дека корисник на социјалната мрежа Инстаграм, најверојатно средношколец, со закана испратил фотографија од пиштол и муниција на своите соученици.

На едно лице му испратил и сеопфатен план за тоа како планира да го изврши масакрот во неколку паралелки во училиштето.

За заканата била информирана виенската полиција која извршила претрес во училиштето, а наредила и надзор на таа образовна институција.

Ваквите закани ги сфаќаме многу сериозно“, соопштила полицијата која работи на утврдување на идентитетот на осомничениот.