Најавата за кратење на буџетот предизвика протести на универзитетите во Аргентина.
На државните универзитети во Аргентина за денеска се најавени масовни демонстрации, кои ги свикаа синдикатите и опозициските партии, како одговор на намалувањето на јавната потрошувачка што ќе влијае и на образовните институции, како што најави претседателот на земјата Хавиер Миле.
Како што објави Ројтерс, повикот за протести дојде откако администрацијата на претседателот се закани дека ќе стави вето на законот усвоен од Конгресот пред неколку недели со кој се гарантира финансирање на универзитетите, додека Аргентина се соочува со економска криза и инфлација која тече со годишна стапка до 240 проценти и половина од нејзиното население живее во сиромаштија.
„Владата има систематски, методичен и постепен план за уништување на јавното образование“, рече ректорот на Универзитетот во Буенос Аирес, Рикардо Гелпи.
Универзитетот во Буенос Аирес е најголемиот во земјата и е рангиран меѓу првите 100 во светот.
Слободарската влада на Мајли постојано ги оправдуваше буџетските кратења со тврдењето дека државните универзитети се места на „социјалистичка“ индоктринација, но добрата репутација на високото образование кај Аргентинците предизвика широк општествен отпор.