Драма во Вашингтон: Агенти на тајната служба отворија оган пред домот на министерот за финансии

Агент на американската тајна служба испукал неколку истрели во вторникот рано наутро пред куќата на американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Крадци се обидувале да упаднат во возила во близина на нејзината куќа во северозападен Вашингтон, кога униформиран агент на Тајната служба испукал неколку истрели околу 3:30 часот, пишува Дејли Меил.

Осомничените побегнале од местото на настанот. Не е јасно дали тие се повредени за време на инцидентот.

Високи службеници за спроведување на законот го окарактеризираа инцидентот како „пукање на агентот“, според повеќе извештаи.

Тајната служба и Министерството за финансии не го коментираа овој настан.

Џенет Јелен е заштитена од агенти на американската тајна служба, но органите за спроведување на законот тврдат дека членот на кабинетот на претседателот Џо Бајден не бил загрозен за време на инцидентот.