Драма во домот на фудбалска ѕвезда: Разбојници упаднале, се заканувале со огнено оружје и побегнале со пленот
Анхел Кореа вчера вечерта доживеа трауматична ситуација во својот дом во Мадрид. Околу 21:00 часот во куќата му влегле четворица со качулка со цел да извршат разбојништво. Освен материјална штета, разбојниците со огнено оружје им се заканувале на Анхел Кореа и неговото семејство.
Според шпанските медиуми, криминалците од фудбалерот на Атлетико Мадрид го побарале целиот накит и готовина со кои располага неговата куќа.
За среќа, се поминало без повреди, а играчот и неговото семејство веднаш ја известиле полицијата која интервенирала да ги започне првите истраги, земајќи изјави од сведоци и снимајќи се што било украдено.
Инаку, Аргентинецот во последно време се почесто се споменува како можна замена за Карим Бензема во саудискиот Ал Итихад. Сепак, Атлетико Мадрид постави јасен услов од најмалку 30 милиони евра за играчот кој помина 10 години во Мадрид.
Некои медиуми пишуваат дека спомнувањето на овој трансфер во медиумите ги поттикнало разбојниците да упаднат, но истрагата ќе ги утврди деталите.