ДРАМА ВО ЕУ – Заканувачки пораки до Европската комисија во Брисел испратени на руски јазик: Амбасадата на САД упати итно предупредување од можен терористички напад
Преку социјалните мрежи се проширија закани за можен терористички напад на линиите два и шест од бриселското метро.
Откако Европската комисија примила две заканувачки пораки на руски јазик, надлежните веднаш ја алармирале полицијата за навреме да реагира и да спречи можен напад.
Во споменатиот мејл пишува дека експлозиите ќе се случат на 8. март.
Полицијата утврдила дека и двата мејлови биле испратени од истиот човек кој прво ја контактирал ЕК на 16. февруари, а потоа и на 3. март, пишува Brussels Times.
„Во светло на континуираната агресивна политика на ЕУ, со ова писмо ве предупредувам за големи терористички напади на територијата на ЕУ“, се вели во мејлот на руски јазик.
Белгискиот национален кризен центар соопшти дека будно ја следат ситуацијата на терен.
Итно предупредување до граѓаните во меѓувреме најави и американската амбасада.
Во соопштението ги замолуваат граѓаните да избегнуваат гужви, да се трудат да бидат незабележливи, како и да ги следат локалните медиуми и навреме да се информираат за се.