Драма во Косово, сите служби се алармирани: Млад човек отишол да собира лековити билки, па исчезнал без трага!
Дваесет и девет годишен човек од Горња Битиња, општина Штрпце, исчезна вчера во близина на неговото село и потрагата по него е во тек, изјави за Танјуг, Синиша Будуриќ – директор за вонредни ситуации во оваа локална самоуправа Синиша Будуриќ.
Случајот со исчезнувањето на младиот човек, семејството го пријавило синоќа околу 21 часот.
– Потрагата е во тек. Полицијата, противпожарната бригада, планинската спасувачка служба и граѓаните на општина Штрпце сè уште трагаат по младиот човек – изјави Будуриќ.
Се претпоставува дека младиот човек исчезнал во ридско-планинскиот предел кај неговото село кога отишол да собира лековити билки.