ДРАМА ВО МОРЕТО – Во Атлантикот исчезнала подморница која превезувала туристи до местото на потонатиот брод Титаник

Мини-подморница која превезувала туристи до потонатиот брод Титаник исчезна во Атлантскиот Океан, објави BBC, и се наведува дека во тек е спасувачка операција.

Според информациите, се уште не е јасно колку луѓе имало внатре…

Ocean Gate Expeditions и Bluefish се единствените компании кои нудат вакви тури, а билетот чини околу 250.000 долари.

Веќе некое време помали подморници превезуваат туристи до местото на познатиот потонат брод, кој се наоѓа на длабочина од 3.800 метри на дното на Атлантскиот Океан, на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд, Канада.

Титаник потона на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година, при што загинаа околу 1.500 луѓе.