‘ДРАМА’ ВО ПАРИЗ – По Лионел Меси, ПСЖ останува и без Нејмар !? Ова се можните сценарија, а една опција звучи многу изненадувачки
ПСЖ на лето би можел да остане без две од трите најголеми ѕвезди. Покрај Лионел Меси, кој наводно е пред заминување во Саудиска Арабија (иако неговиот татко тврди дека ништо не е договорено), трансферот би можел да го реализира и Нејмар.
RMC Sport и UOL Esporte известуваат дека ПСЖ е отворен за продажба на бразилската ѕвезда, која е под договор со ПСЖ до 2027 година. И самиот Нејмар е отворен за трансфер.
Нејмар пред една година ја активираше клаузулата во договорот со која му се продолжува престојот во клубот на една година. Но, по сезоната во која беа исфрлени рано во Лигата на шампионите, клубот е подготвен да направи пресврт и да го продаде Бразилецот доколку заинтересиран клуб се појави со доволно висока понуда. Тешко дека некој ќе ги надмине 222 милиони евра кои самиот ПСЖ и ги плати на Барселона, но во Париз би биле подготвени да се согласат на многу помала понуда за да ги задоволат навивачите кои неодамна протестираа пред домот на бразилската ѕвезда.
Огромен проблем со потенцијалниот трансфер на Нејмар, освен самото обештетување, е и висината на неговата плата, бидејќи ретко кој клуб може да си дозволи да му плаќа 40 милиони евра годишно. Така, за да се реализира зделката, Нејмар ќе мора да се согласи на помали примања, а финансискиот потенцијал за негово доведување имаат на располагање англиските великодостојници Манчестер Јунајтед, Челзи и Њукасл.
Новинарот Жулиен Лоренс пренесува дека постои уште една опција, а тоа е враќање во Барселона, но оваа опција тешко ќе се реализира поради големите финансиски проблеми на каталонскиот гигант.
Во секој случај, приказните за потенцијалниот трансфер на Нејмар летово ќе ги наполнат колумните во весниците, бидејќи неговото заминување од Париз би одекнало гласно.