ДРАМА ВО ПОЛСКА, ЦЕЛАТА ДРЖАВА Е НА НОЗЕ Беше соборен дрон над зградата на владата, Туск даде итно соопштение

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека дронот што летал над владините згради во центарот на Варшава е „уништен“ и дека двајца белоруски државјани се приведени во врска со инцидентот.

„Службата за државна безбедност штотуку неутрализираше дрон над улиците Парковаја и Белведерскаја. **Двајца државјани на Белорусија се приведени. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот“, напиша Туск на социјалната мрежа X.

Туск веќе на 10 септември тврдеше дека „опасни руски дронови“ биле соборени над полска територија, но не даде докази за тие тврдења.

Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека биле вклучени повеќе од десет дронови.

Од друга страна, рускиот дипломат Андреј Ордаш за РИА Новости изјави дека Полска не презентирала никакви докази за руското потекло на авионот.