Драма во Русија: Погледнете како облакодерот исчезна во пламен за само 20 секунди (ВИДЕО)

Недовршена висококатница во градот Твер, административен центар на Тверската област во Руската Федерација, се запали.

Како што соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија во Тверската област, пожарот избувнал на вториот кат од зградата.

Беше кажано и дека битуменот се запалил и дека во пожарот нема повредени.

Пожарот бил изгаснат во 13:04 часот по локално време.

Според првичните информации, пожарот на објектот избувнал откако се запалила заштитната градежна мрежа на фасадата на зградата.

Твер е 180 километри северозападно од главниот град на Русија, Москва.