Драма во Јапонија! По удар на гром, 18 студенти завршиле во болница: Сведоците први ја слушнале експлозијата

Метеоролошката агенција за тој ден најави нестабилно време

Драматичен настан се случил во јапонскиот град Мијазаки, кога ученици завршиле во болница откако ги удрил гром.

Лекарите укажале на 18 средношколци (16 полесни и две тешки повреди), јавува NHK .

Според пожарникарите, учениците од средните училишта Камото и Хошо тренирале кога околу 14 часот и 30 минути по локално време удрил гром во нивна близина.

Фудбалското игралиште се наоѓа во близина на Универзитетот Мијазаки Санџо.

Метеоролошката агенција најави нестабилно време тој ден, додека градот Мијазаки беше опкружен со облаци од дожд. Беше издадено и предупредување за грмотевици .

„Во тоа време дождот стивна и немаше грмежи, па затоа донесовме одлука да не го откажеме тренингот “, соопшти гимназијата Хошо.

Една жена која работи во блискиот ресторан ги опишала драматичните моменти:

„Помеѓу 14:00 и 14:30 часот во близина удри силен гром. Брза помош, пожарникари и полиција набрзо пристигнале на местото на настанот“.

Вработен во локална теретана рекол дека „прво се слушнала експлозија“, а подоцна ја дознал страшната вест.