ДРАМА НА БАЛКАНОТ – Маж (42 г.) поврзан со озогласената Исламска држава планирал терористички напад во срцето на Босна и Херцеговина
Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) во понеделникот потврди дека во таа земја е уапсен маж поврзан со терористичката организација Исламска држава (ИД) кој планирал да изврши терористички напад во БиХ и затоа од државниот суд било побарано да му одреди притвор.
Како што се наведува во соопштението на Обвинителството на БиХ, се работи за Мирза Капиќ (42 г.) кој живее во Зеница, кој претходно бил осуден за кривични дела поврзани со тероризам и бил на боиштата во странство.
Мирза Капиќ беше уапсен на крајот на јули од страна на членовите на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА).
Мирза Капиќ е обвинет дека користел апликации за комуникација за да контактира со луѓе кои поддржуваат радикални движења и ванатици на ИД минатиот месец. Во преписката која ја пресретнала полицијата, тој потврдил дека планирал експлозивен напад врз џамија во Босна и Херцеговина во јули.
Од лицата со кои контактирал побарал упатство за изработка на експлозивна направа со детонатор.
Неговиот план бил да ги нападне научниците на Исламската заедница во БиХ кои објавуваат прогласи против исламските радикали и кои, како што тврдел, ги пријавуваат поддржувачите на радикалните движења и ИД во полициските агенции во БиХ.
При апсењето полицијата ја одземала електронската опрема што ја користел Мирза Капиќ и на истата сега се врши дополнително вештачење. Тој сега е осомничен за кривично дело тероризам.