Германската полиција денеска застрела маж со секира во близина на фан зоната за време на поворката на холандските навивачи на Европското првенство.
Четири силни истрели одекнаа во близина на Рипербан во Хамбург, каде пред денешниот натпревар се собираа навивачи од Холандија и Полска.
Околу 40.000 холандски навивачи беа на местото на настанот кога маж со златна секира почна да ги напаѓа навивачите и официјалните лица, како што пренесува Билд.
Полицијата прво употребила солзавец против напаѓачите, а потоа и огнено оружје.
Според полицијата, полицаец прво испукал предупредувачки истрел за да го спречи напаѓачот. Потоа биле испукани неколку истрели додека мажот конечно не паднал на земја.