ДРАМА НА ИСПРАШУВАЊЕ НА МОМЧЕТО УБИЕЦ: На едно лице му се слошило, инспекторите пред зграда веднаш се растрчале! ПРЕТЕШКИ СЦЕНИ

На распитот на момчето-убиец кој го изврши страшниот масакр во Врачар во основното училиште Владислав Рибникар, во еден момент инспекторите кои биле пред зградата се растрчале кога виделе дека едно лице му се слошило.

Засега не се знае за кого се работи, но благодарение на брзата реакција на насобраните на лицето му е укажана лекарска помош.

Да потсетиме, момчето-убиец што со оружјето на неговиот татко уби девет врсници од ОУ „Владислав Рибникар“ и обезбедувањето, денеска преку видео врска сведочеше во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко !

Како што дознаваат српските медиуми, воспоставена е видео врска помеѓу психијатриската клиника во која момчето се наоѓа од 3 мај и Палатата на правдата каде што се наоѓа Вишото јавно обвинителство во Белград.

Тој одговарал на прашањата за оружјето на неговиот татко, кое кобниот ден го зел од сефот и убил девет негови врсници и еден чувар.