Драма на летот кон Сплит: 23-годишно момче се обиде да влезе кај пилотите, а потоа се заклучи во тоалетот
Непознато лице се обидело насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на Норвешка Ер, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел на авионот. Авионот требаше да полета во 6:50 за Сплит.
Норвешката полиција го идентификувала и открила дека се работи за 23-годишен хрватски државјанин. Мотивите за овој чин засега не се познати. Полицијата соопшти дека лицето не изгледало како алкохолизирано или под дејство на други опијати.
Авионот бил полн со патници кои патувале на одмор во централна Далмација.
„Во авионот имало метеж, сите сакале да видат што се случува. Авионот веќе полетал и додека се движел кон делот од пистата за полетување, наеднаш застанал. Првото известување од пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат“, изјави Сенад Бишчевиќ за Слободна Далмација.
Открил дека полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад, каде мажот се заклучил.
„Сите сакаа да видат што се случува, па не беше јасно дали полицајците насилно влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Тројца полицајци со лисици го однеле преку пистата до зградата на аеродромот“, рече тој.