ДРАМА НА НЕБОТО НАД БЕЛГРАД НЕШТО ПРЕД 5: Авион принудно слета на белградскиот аеродром, уште еден патник почина, еве што се случи
Државјанин на Турција (59) почина на лет од Германија, поради што авионот морал принудно да слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ утринава околу 4 часот и 40 минути, соопшти итната служба.
Како што соопшти службата, на турскиот државјанин му се слошило за време на летот, па авионот морал принудно да слета на белградскиот аеродром , но кога пристигнала итната екипа можеле само да констатираат смрт.
Ноќеска околу 00:38 часот дошло до пукање во кое триесетгодишен и четириесетгодишен маж се здобиле со прострелни рани. Тие се згрижени и пренесени во Ургентниот центар“, велат од Итната служба.
Наведоа и дека во текот на ноќта се случиле две сообраќајни незгоди во кои две лица се полесно повредени.
„Беше бурна ноќ. Нашите екипи имаа 120 интервенции, од кои 14 на јавни места. Најмногу се појавија хронични пациенти, астматичари и кардиоваскуларни пациенти“, велат од итната помош.