ДРАМА НА НЕБОТО НАД МОСКВА – Авион со мистериозен радиоактивен материјал морал итно да слета, а прогласена е и вонредна состојба !?
Авион кој го превезувал мистериозен „радиоактивен товар“ морал принудно да слета на аеродромот „Внуково“ во главниот град на Русија, Москва.
Авионот од типот „Boing 737“ во сопственост на руска авио-компанија со 109 патници бил принуден да се врати на аеродромот во понеделникот околу 40 минути по полетувањето. Според неофицијални информации, пилотите морале да направат застрашувачко слетување со „зголемена брзина“.
Авионот се наоѓал на височина од 1.200 метри по прогласувањето на вонредната состојба.
Медиумите јавуваат дека без знаење на патниците во товарниот дел имало околу 19 килограми радиоактивен материјал. Дестинацијата на потенцијално смртоносниот товар, наводно, бил градот Ханти-Мансијск во западен Сибир.
Руските медиуми јавија дека „опасниот товар“ не е оштетен при непланираното и ненадејно спуштање на авионот. Кремљ наводно добил специјална дозвола за транспорт на радиоактивен материјал.
Ханти-Мансијск е главен град на истоимениот регион, кој беше место на подземни советски нуклеарни тестови во текот на 1980-тите години.