ВИДЕО | ОВА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ САМО ВО БУГАРИЈА – Ќе беше смешно, да не беше тажно: Навивачите со лопати ги нападнаа фудбалерите – погледнете!

Бизарни и скандалозни сцени се снимени на големото дерби во соседна Бугарија, кога навивачи физички се пресметаа со фудбалерите.

Прво, необично е што Лудогорец го постигна победничкиот гол против ЦСКА во Софија во 108. минута, иако судиското надополнување беше 12 минути.

Спас Делев му донесе триумф и важни три бода на тимот од Разград, чии играчи пред трибината го прославија победничкиот гол со жестоки акции кон навивачите на ЦСКА, а оваа бизарна ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.

Тоа не им се допадна на симпатизерите на домашната екипа. Некои од нив набрзина се симнаа на теренот сакајќи да се пресметаат со фудбалерите на противничката екипа.

Во тој момент снежна лопата полета кон фудбалерите и погоди еден од нив.

По 20. коло Черно Море е на првата позиција со 45 бодови, Лудогорец има три бода и натпревар помалку, а ЦСКА има ист број бодови како и тимот на Разград.