Владимир Путин: “Имаме застрашувачки подморници, ним им нема рамен во светот“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес на церемонијата на подигнување на знамето на нуклеарните подморници „Краснојарск“ и „Александар III“ изјави дека им нема рамен во светот и дека се „застрашувачки“.

Владимир Путин беше во северниот град Северодвинск, каде што порача дека руската морнарица се зајакнува со најсовремена опрема и оружје.

Наскоро ‘Александар III‘ и ‘Краснојарск‘ ќе почнат да го надгледуваат Пацификот“, најави Владимир Путин.

Според руските медиуми, во тек е изградбата на уште пет подморници, од типот „Јасен М“, а во завршна фаза е и крстосувачот „Архангелск“.

Според официјалните податоци, „Краснојарск“ е повеќенаменска нуклеарна подморница од проектот „Јасен-М“. Таа припаѓа на четвртата генерација на подморнички бродови. 

Официјално е објавено дека овие подморници се вооружени со крстосувачки ракети „Оникс“.