За 30 дена изгуби 6 килограми сало од стомакот, а направи само една промена: „Целосно ме трансформираше“

Австралиец изгубил 6 килограми сало од стомакот правејќи само една работа во животот – откажување од алкохол, пишува Дејли Мејл.

Џејмс Сванвик, раководител на програмата за животен стил без алкохол, одлучил да престане да пие 30 дена за да открие каков ефект би имал тоа врз неговото здравје. Но, резултатите биле толку драматични, што решил засекогаш да се збогува со пиењето и да се посвети на промовирање на трезен начин на живот.

По првите 30 дена без алкохол, Свонвик изгубил неверојатни 5,9 килограми од пределот на стомакот.

Во мај 2021 година, додека седел во ресторан во САД и едвај јадел поради масовен мамурлак, тој решил да се обиде да престане да пие 30 дена.

Овој претприемач и инвеститор вели дека тие 30 дена без алкохол целосно го трансформирале.

Џејмс вели дека никогаш не пиел прекумерно или бил зависник од алкохол, туку пиел само социјално. Сепак, тоа почна да го прави несреќен.

„Најдолгото што сум го поминал без да пијам во мојот возрасен живот беше можеби една недела, така што престанокот на консумирање алкохол за 30 дена беше вистински потфат“, рече тој.

Тој додава дека првите две недели биле најтешки.

„Кога излегував со пријателите и нарачав вода, тие ме исмејуваа. Ми рекоа дека не сум вистински Австралиец ако не пијам“, рече тој.

Сепак, остана на својата одлука и по 30 дена ослабе 5,9 килограми.

Најмногу маснотии изгубил токму од стомакот, бидејќи е познато дека кај мажите кои редовно пијат, маснотиите најмногу се таложат во таа област.

Но, тоа не е се. Покрај тоа што ослабел – и тоа на најкритичното место – значително му се подобрил сонот, се чувствувал подобро и бил во подобра форма.