Едно лице загина, шестмина се повредени во силна експлозија во магацин во изградба во Албанија

 – Едно лице почина, а шестмина се повредени во силната експлозија што се случи попладнево, околу 16 часот,  во голем магацин во изградба во албанскиот град Љушња.

Според албанските медиуми меѓу повредените е и пратеникот на Социјалистичката партија Бујар Чела, но не се знае во кое својство тој бил на местото.

 Првите сознанија говорат дека при работа врз објектот, кран го допрел високонапонскиот далековод и поради тоа дошло до експлозија, која била многу силна, и се слушала  низ целиот  градот, наведуваат медиумите.

На местото на настанот се полициски сили, амбулантни и противпожарни возила.