ДРАМА НА НЕБОТО: Пилотите заспале за време на летот, па настанал хаос

Двајца индонезиски пилоти спиеле речиси 30 минути на контролите на авионот што летал за Џакарта со повеќе од 150 патници, покажуваат резултатите од истрагата.

Пилотот и копилотот заспале за време на летот на авионот на компанијата „Батик ер“, кој на 25 јануари летал од градот Сулавеси на југоистокот на Индонезија кон главниот град на Индонезија Џакарта.

Ова се наведува во прелиминарниот извештај на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот (КНКТ).

Забележано е дека за време на инцидентот имало голем број навигациски грешки, но дека 153-те патници и четирите стјуардеси на Ербас А320 не биле повредени за време на летот кој траел два часа и 35 минути.

Пилотите кои учествуваа во инцидентот на 25 јануари се привремено суспендирани, се додава во соопштението.

Во извештајот на КНКТ се наведува дека околу 90 минути по полетувањето на авионот, капетанот побарал дозвола од копилотот да одмори извесно време, што тој му дал.

Копилотот потоа ја презеде командата со леталото, но потоа и тој неволно заспал.

Неколку минути по последниот снимен пренос на копилотот, Центарот за контрола на летот во областа Џакарта се обиде да стапи во контакт со авионот, но не доби одговор.

Пилотот се разбудил 28 минути по последниот снимен пренос и сфатил дека неговиот копилот спие и дека леталото не е на правилната патека на летот.

авион

Веднаш го разбудил колегата, одговарал на повиците од Џакарта и го поправил курсот, се вели во извештајот.

Генералниот директор на индонезиската управа за цивилно воздухопловство, Марија Кристи Енда Мурни, рече дека телото ќе спроведе истрага и преглед на ноќните летови во Индонезија во врска со управувањето со ризикот од замор за Batik Air и сите оператори на летови.