Украинските воздухопловни сили денес објавија дека изгубиле контакт со авионот Ф-16 во текот на ноќта , но пилотот успеал да се катапултира и не е повреден.
Според прелиминарните податоци, инцидентот се случил додека украинскиот борец извршувал одбранбена мисија од руски воздушен напад, објави Укринформ.
Во соопштението на воздухопловните сили се наведува дека пилотот успешно уништил три воздушни цели, кога во авионот се случила вонредна ситуација.
Пилотот, за да избегне населени места, го маневрирал авионот, а потоа се катапултирал.
Кратко по катапултирањето, пилотот бил пронајден и евакуиран.
Според извештаите, пилотот е во стабилна состојба и неговиот живот не е во опасност.
Инцидентот се случи неколку недели откако украинскиот ловец Су-27 беше изгубен за време на борбена мисија на 28 април, но пилотот беше успешно катапултиран.