Драма на небото: Јужна Кореја подигна борбени авиони

Јужна Кореја денеска подигна борбени авиони откако два кинески и четири руски воени авиони влегоа во нејзината идентификациска зона на противвоздушна одбрана.

Авионите влегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Кореја во близина на нејзиниот источен брег во периодот од 11:53 до 12:10 часот, а потоа ја напуштиле областа, соопшти генералштабот на јужнокорејската војска, додавајќи дека авионите не го нарушиле територијалниот воздушен простор на земјата.

Агенцијата наведува дека Москва не ја признава корејската воздушна одбранбена зона, додека Пекинг тврди дека зоната не е територијален воздушен простор и дека сите земји треба да бидат слободни да се движат таму.

Зона за идентификација на воздушната одбрана е област надвор од територијата и националниот воздушен простор на една земја, но каде што странските авиони сè уште се идентификуваат, надгледуваат и контролираат во интерес на националната безбедност.

Се разликува од воздушниот простор на една земја, кој обично се однесува на просторот над нејзината територија и се протега на 12 наутички милји подалеку од брегот.