На социјалните мрежи повторно се појави видео од ајкула во Грција, а овојпат е видена во едно од омилените летувалишта на Македонците.
Грција со денови се бори со големи пожари, од ден на ден пристигнуваат апокалиптични фотографии, а се чини дека најдраматична била ситуацијата во пристаништето и градот Волос.
За среќа, Противпожарната служба на таа земја денеска соопшти дека е ставен под контрола пожарот во околината на Волос, во централна Грција, кој предизвика експлозии во воен магацин.
Освен пожарот, жителите на овој град сега имаат уште една грижа.
Имено, како што беше објавено на социјалните мрежи, пред сè на Твитер, во близина на полуостровот Пелион е забележана ајкула.
Според еден корисник на Твитер, ниту Скијатос не е далеку, па на македонските туристи им се препорачува да внимаваат.