Драма на погребот од братот на Никола Којо: На мајка му ѝ слошило за миг! (фото)

Во четвртокот трагично загина братот на актерот Никола Којо, Владимир Којо (59), а погребот беше извршен денеска во 14 часот на Новите гробишта во Белград.

Трагедијата, според неофицијални информации, се случила во четвртокот, кога на хиподром го удрил коњ.

Семејството и пријателите денеска за последен пат му кажаа збогум. Оваа загуба длабоко ги погоди сите оние кои неизмерно го сакаа. На гробиштата владееше тишина, а сите со солзи и липање се простија од Владимир.

На мајката на Владимир ненадејно и’ се слошило на погребот, а нејзините најблиски притрчале да и’ помогнат. Несреќната жена не може да се помири со смртта на синот и тешко ја поднесува целата ситуација.