ДРАМА НА СИЦИЛИЈА – Еруптираше највисокиот вулкан во Европа: Итно откажани сите летови од блискиот аеродром
Летовите од аеродромот во Катанија се откажани од понеделник наутро поради ерупција на вулканот Етна, соопшти компанијата која управува со аеродромот, пренесуваат светските медиуми.
Компанијата Sac извести дека аеродромот ќе биде затворен до 13 часот, но доколку ситуацијата не се смири, аеродромот ќе остане затворен подолго време.
Етна на островот Сицилија е еден од најактивните вулкани во светот, а со височина од 3.300 метри, тој е и највисокиот вулкан во Европа.